Анкетите во Хрватска покажуваат големи промени во преференциите на гласачите, а последната анкета Кродемоскоп на РТЛ покажа дека ХДЗ веќе не е најпопуларна политичка партија.
За прв пат по пет години хрватските гласачи не ја рангираат ХДЗ како најпопуларна партија во државата. Нивниот рејтинг останува 26 отсто, исто како и минатиот месец, но СДП поразна за цели три процентни поени и излзе на врвот како најпопуларна партија.
Разликата помеѓу двете партии според анкетата е 0,2 процентни поени, што е во рамките на статистичка грешка, но последен пат кога СДП беше пред ХДЗ на анкетите беше во март 2020 година, пред ширењето на коронавирусот.
Агенцијата Промоција плус од јануари 2004 година редовно го спроведува истражувачкиот проект Кродемоскоп. Анкетата се спроведува на почетокот на месецот на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници со методот CATI (телефонска анкета). Примерокот беше стратификуван според окрузи и големина на населени места, контролирајќи ги социо-демографските карактеристики на гласачите по пол, возраст и образование; стандардна грешка на примерокот: ±2,77% со ниво на доверба од 95%.
Коалициониот партнер на СДП во Загреб, Можемо, исто така забележа благ раст на анкетите, држејќи цврсто трето место. Само Мост е сè уште над прагот од пет проценти.
Кај политичарите, позитивниот впечаток на претседателот Милановиќ го зголемил неговиот рејтинг за два отсто, додека рејтингот на премиерот Пленковиќ паднал за два отсто.