Хрватското Министерство за економија разгледува можност за изградба на сопствена нуклеарна електрана, наместо соработка на изградбата на вториот блок на нуклеарната електрана Кршко, објави вчера весникот Пословни дневник, а пренесува Форбс Словенија.
Министерот за економија, Анте Шушњар, изјави за „Нови лист“ дека се уште не е одлучено дали ќе се гради класична нуклеарна електрана или мали модуларни реактори, но потенцира дека изградбата на електрана на сопствена територија ќе донесе геополитички и безбедносни придобивки.
„Тоа е патот по кој мораме да одиме“, рече Шушњар.
Во февруари беше формирана работна група за изработка на закон за нуклеарна енергија, а Хрватска планира изградба на мали модуларни реактори, што би можело да се реализира за околу 10 години.
Стручњакот за нуклеарна енергија, Тонќи Тадиќ, посочува дека сите земји членки на ЕУ разгледуваат мали модуларни реактори и дека Хрватска направила „правилен чекор во вистинско време“.
Хрватска, преку државната компанија Хрватска електропривреда, поседува половина од компанијата NEK, која управува со нуклеарната електрана Кршко, додека другата половина е во сопственост на словенечката компанија GEN.