Владата на Република Хрватска одлучи да прогласи 21 декември за Ден на жалост, поради трагичниот напад кој се случи во основното училиште „Пречко“ во Загреб. На овој ден, знамето на Република Хрватска ќе биде истакнато на половина копје на сите објекти во кои се сместени државните органи, локалните и регионалните самоуправи, како и на зградите каде што се наоѓаат правни лица и каде физички лица вршат самостојна дејност.
Денот на жалост ќе се обележи без забавни програми, а медиумите ќе прилагодат своите програми на соодветен начин, со акцент на содржини кои ќе одговараат на природата на овој ден.
Трагедијата се случила кога младо момче со остар предмет нападнало наставник и неколку ученици во „Пречко“, при што еден ученик го загубил животот, а пет лица се повредени, меѓу кои три деца и двајца возрасни. Напаѓачот, кој се обидел да се самоубие по нападот, е уапсен. Според министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, напаѓачот имал психички нарушувања и веќе претходно се обидел да си го одземе животот.