Хрватските поети Светскиот ден на поезијата го посветија на трагедијата во Кочани

По повод Светскиот ден на поезијата 21 март, Хрватско-македонската тангента организира специјална вечер посветена на моќта на зборовите и споменот на оние кои повеќе не се меѓу нас. Годинава со писма и поетски интерпретации ќе им оддадеме почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотека во градот Кочани, настан кој ја зави Македонија во црно.

-Во време кога се сеќаваме на трагедијата што погоди толку многу семејства, сакаме да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на младите животи изгубени преку уметноста. Поезијата не учи како да ја пронајдеме убавината низ тагата и како зборовите можат да изградат мост меѓу болката и надежта – велат од Хрватско-македонска тангента.

Во рамките на културната манифестација „По стапките на пишаниот збор“, во соработка со Здружението Марија Јуриќ Загорка, ќе се одржи манифестацијата „Гласот на жената низ времето – писма на Марија Јуриќ Загорка“. Писмата на Загорка ќе ги чита Дубравка Видовиќ, претседател на Здружението Марија Јуриќ Загорка. а своја поезија ќе читаат поети од Шибеник, кои се членови на Хрватско-македонската тангента.

Настанот ќе се одржи на 21 март во 19 часот во Прес центарот во Шибеник, Божидара Петрановиќ 16.

Покровител е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.

Зачлени се на нашиот е-билтен