И Бугарија ги прекина поштенските пратки до САД

Apostoloff, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons
Apostoloff, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

Бугарската пошта објави дека привремено ќе го прекине прифаќањето пратки за Соединетите Американски Држави од 26 август поради промени во царинските прописи на САД, пишуваат бугарските медиуми.

САД го укинаа претходниот праг според кој пратки во вредност до 800 долари влегуваа во земјата без царина или данок. Со новите прописи, сите меѓународни пратки, без оглед на нивната вредност, ќе бидат предмет на царинско оданочување и контрола.

Ова ќе доведе до повисоки цени и доцнења во испораките, што директно влијае на бугарските онлајн трговци кои испраќаат стоки до американски клиенти, како и на приватните лица кои испраќаат лични пратки или подароци.

Бугарската пошта наведува дека ќе објави нови информации штом ќе се разјаснат процедурите според новиот режим.

Зачлени се на нашиот е-билтен