Инцидент во Лозница: Јелена Карлеуша исвиркана и принудена да го прекине настапот

Настапот на пејачката Јелена Карлеуша во Лозница синоќа заврши со инцидент, откако дел од публиката ја исвирка и ѝ порача да ја напушти бината.

Снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи, а корисниците коментираат дека пејачката набргу го прекинала настапот и заминала.

Повеќето луѓе го поздравија ваквиот чин како израз на револт кон, како што велат, „ оваа режимска пејачка“.

Зачлени се на нашиот е-билтен