Иван Стоилковиќ му врачи „Повелба на С. Сава“ на српскиот патријарх Порфирије

Стоилковиќ

Вицепремиерот на Северна Македонија Иван Стоилковиќ во Патријаршиската палата во Белград, му ја врачи на патријархот на СПЦ Порфирије „Повелбата на Свети Сава“, највисокото признание што ја доделува српската заедница во Северна Македонија по повод Денот на Свети Сава.

„Со овој чин, Србите од Северна Македонија го изразуваат своето најголемо почитување и длабока благодарност кон патријархот Порфирије за сè што прави за доброто на српскиот православен народ, особено на оние што живеат во Северна Македонија“, напиша на социјалните мрежи Стоилковиќ..

„Српската црква со векови е камен-темелник на духовниот, културниот и националниот идентитет на сите Срби“, пишува Стоилковиќ. „Црковното единство е заедничка аспирација и тоа најдобро се гледа и потврдува во меѓусебната љубов, почитување и братските односи меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква, а Свети Сава останува сигурен патоказ и духовна референтна точка во лицето на современите предизвици.“

Зачлени се на нашиот е-билтен