Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанското собрание исклучи 23 опозициски пратеници, револуцијата на Бериша влегува во нова фаза

Во албанското Собрание продолжуваат тензиите, досега се исклучени 23 пратеници од опозицијата, а лидерот на демократите, Сали Бериша, најави дека револуцијата пред 14 мај, кога ќе се одржат изборите во Албанија, влегува во нова фаза. На социјалните мрежи се појави видео во кое црногорски полицаец врши брутално насилство врз албански граѓанин, академикот  Петраќ Мило. Од полицијата на Црна Гора соопштуваат дека е започната истрагата за насилството. Во продолжение се уште неколку теми  од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СУРИ: Собранието за еден месец исклучи 23 пратеници од опозицијата

„Со иницијатива на социјалистите, Секретаријатот за процедури, гласање и етика во вторник одлучи да исклучи 8 членови на Демократската партија од работата на Собранието.

Со последните казни бројот на пратеници од опозицијата кои добија дисциплински мерки во рок од еден месец, се покачи  на 23.“, пренесе албанскиот дневник Сури.

ТВ КЛАН – Бериша: Револуцијата преоѓа  во нова фаза

„Протести и подготовки за победа на локалните избори на 14 мај. Ова ќе бидат патиштата на опозициската револуција за рушење на владата на Рама. Нив ги објави претседателот на Демократската партија Сали Бериша на состанокот на Националниот совет на ДП. Според него, револуцијата влезе во нова фаза.“, пренесе албанскиот медиум ТВ Клан.

ИНА: Брутално полициско насилство врз професорот Петраќ Мило, црногорската полиција започна истрага

„Полицијата на Црна Гора соопшти дека започнала истрага за насилството на црногорската полиција врз професорот Петраќ  Мило на границата со Албанија на 15 јануари.

Според црногорската полиција, идентификувани се сите службеници кои биле присутни на настанот и во тек е истрага за изведба на сторителите пред лицето на правдата.

Тешкиот инцидент се случил на 15 јануари, додека денеска е објавено уште едно видео на кое се гледа црногорскиот полицаец кој откако брутално го удира професорот Петраќ Мило се обидува насилно да го извлече од автомобилот.“, пренесува албанскиот медиум ИНА.

ШЕКУЛИ: Албанците потрошиле 350 милиони евра „од џеб“ за здравство во 2021 година, бизнисите заработиле 85 милиони евра

„Податоците на ИНСТАТ за индикаторот „Здравје и социјална работа дејности“ откриваат дека приходот на оваа категорија во 2021 година во Албанија, достигнал речиси 41 милијарда леки  или 350 милиони евра, што претставува историски рекорд.“, пренесува албанскиот медиум Шекули.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: Во процесот Тачи и други се примени 84 нови жртви

„Специјализираните совети во Хаг вчера соопштија дека прифатиле уште 84 жртви во процесот против поранешните лидери на ОВК: Хашим Тачи, Реџеп Селими, Кадри Весели и Јакуп Красниќи.“, јавува косовскиот дневник Газета Експрес.

ЕПОКА Е РЕ: Наместо лична удобност, Хашим Тачи  избра соочување со историјата

„Денес, кога ја славиме 15-годишнината од независноста, пријателе, вие сте во Хаг. Не заборавајте дека таму сте во конфронтација меѓу цивилизацијата и дивината на истокот. Таму сте само поради една причина – зошто ја победивте Србија. Таму пред вас ќе имате досие со илјадници страници пишани обвиненија изнесени од српските судии и обвинители во Белград , и за жал, од некои Албанци кои сè уште работат за тој убиствен режим.“,извадок од колумната „Наместо лична удобност, Хашим Тачи  избра соочување со историјата“ на авторот Изми Зека, објавена во косовскиот дневник Епока е Ре.

Д. Тахири(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен