САД го оценија договорот за спроведување на европскиот план како суштински во однос на нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија, а Специјализираното обвинителство во случајот проти Тачи и другите, навед имиња на дел од убиените или исчезнати жртви. Во денешниот фокус на албанските медиуми во регионот, освен горенаведените теми, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа избра уште неколку за денешното издание на Ал –Прес.
РТК: САД со проценки за средбата Курти-Вучиќ, бараат имплементација на договорите
„Соединетите држави рекоа дека договорот за патоказот за спроведување на европскиот план е суштински за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, додека напредокот кон формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство е суштински за градење на иднината на Косово.“, пренесе косовскиот државен медиум РТК.
Коха: Случајот Тачи и другите, Специјалниот суд ги објави имињата на жртвите за кои се тврди дека се убиени и исчезнати
„Специјализираното обвинителство (ЗПС) достави помалку редактирана јавна верзија на дополнетото обвинение за случајот против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селим, каде што се наведуваат имињата на дел од жртвите за кои се тврди дека биле се откриваат убиените, а некои други за кои се тврди дека биле насилно исчезнати.“, пренесе косовскиот дневник Коха.
Кланкосова: Бајден ја покани Османи на Самитот за демократија
Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, доби покана од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, да учествува на Вториот самит за демократија.
Според поканата, покрај говорот што ќе го одржи заедно со шефовите на другите држави според минатогодишниот формат, претседателот Османи е избран и меѓу десетте лидери кои ќе бидат главни говорници на пленарната седница на која ќе биде избрана улогата на демократија во создавање стабилни институции, најавува Претседателството, пренесува Кланкосова.
РТШ: „Мекгонигал“ во Собрание, пратениците 24 часа ќе расправаат со премиерот Рама
„Собранието ќе се врати на прашањето за „Мекгонигал“ каде пратениците од опозицијата ќе имаат можност да расправаат со премиерот Еди Рама.
Присуството на шефот на владата пред неколку дена го потврди и шефот
на пратеничката група на СП, Таулант Бала.“, пренесе државниот албански медиум РТШ.
Јава Њуз: Музеј за Албанците кои спасиле Евреи за време на Втората светска војна
Албанското Министерство за култура најави изградба на музеј „Беса“, нов културен простор во срцето на Тирана, кој ќе ги одбележи херојските постапки на Албанците кои ги спасија Евреите за време на холокаустот, пишува Звика Клајн за „Ерусалим Пост“, пренесе албанскиот медиум Јава Њуз.
Коха: Повторно измислување на Европската унија
“Тектонските промени во глобалниот систем ги принудуваат сите земји да ги редефинираат своите стратешки погледи и модели на раст. Но, додека промените ја погодуваат секоја земја, Европската унија се соочува со многу посериозен предизвик кој може да го загрози нејзиното постоење.”, извадок од анализата „Повторно измислување на Европската унија“, од авторот Жан Писани-Фери, објавена во косовскиот дневник Коха.
Д. Тахири(ЦивилМедиа)