Притисокот врз косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ за потпишување на договорот за нормализирање на односите помеѓу двете земји, што се очекува дека ќе се случи на 18 март во Охрид, доаѓа од сите страни. Советници на ЕУ и граѓански организации од Косово и Србија со писмо до Курти и Вучиќ, а во меѓувреме, српскиот претседател вели дека е спремен на одреден компромис за постигнување договор.
Во прилог се уште неколку теми што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра од денешните содржини од албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
Коха – Вучиќ подготвен на компромиси за постигнување договор: Би било историско ако успееме
„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази подготвеност да се направи компромисно решение за да се постигне договор со Косово каде „Србите и Албанците живеат заедно“.
Пред средбата со премиерот Албин Курти во Охрид на 18 март, Вучиќ рече дека не е важно кога ќе се постигне овој договор, но како што вели тој би бил историски успех доколку се случи.“, пренесе косовскиот дневни Коха.
Арбреш: Се очекуваат уште разрешувања за случајот „Дехари“
„Косовскиот заменик министер за правда, Блерим Салаху, даде делумни детали за случајот со смртта на поранешниот активист на ЛВВ, Астрит Дехари, во притворот во Призрен.
Тој рече дека чувар, кој бил во амбулантата со Дехари, кога бил однесен од затворот во болница, по шест години бил сослушан кај надлежниот обвинител.
Ова се случи откако адвокатот на семејството Дехари, Томе Гаши, го испрати името на тоа лице до обвинителството, рече Салаху.“, пренесе косовскио портал Арбреш.
Лапси: Граѓански организации од Косово и Србија со повик до Курти и Вучиќ да го потпишат договорот
„Неколку граѓански организации од Косово и Србија потпишаа заедничко писмо до премиерот на Косово, Албин Курти и до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за потпишување на основниот договор на 18 март во Охрид.
Овие граѓански организации од Косово и Србија, меѓу другото велат дека „ние, членовите на граѓанското општество, предмет на ова писмо, им се обраќаме на лидерите на Косово и Србија да го прифатат и потпишат договорот предложен од Европската унија, како и да постигнат компромис за имплементација на анексот кој се однесува на состанокот од 18 март 2023 година“.“, пренесе порталот Лапси.
Зери -Писмо од тројца ЕУ советници: Договорот бара лидерски квалитети од Косово и Србија, неуспехот ќе има последици
„Советниците на тројцата европски лидери, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Џорџија Мелони во писмо порачаа дека целта на средбата во Охрид меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ не е да го искомплицира веќе договореното, туку напротив да поттикне конкретни чекори кон негова реализација.“, пренесе косовскиот дневник Зери.
АЛБАНИЈА
Визионплус: ЕУ бара резултати од СПАК; Советот за асоцијација-стабилизација расправа за борбата против криминалот и корупцијата
„Со затворањето на 12-та седница на Советот за стабилизација-асоцијација, се очекува премиерот Рама и двајцата високи претставници на Европската унија, Жозеп Борел и Оливер Вархеји, да излезат на заедничка прес-конференција.
На 60-минутната средба беше анализиран напредокот на Албанија на нејзиниот интегративен пат. Додека во вториот дел од средбата со затворени врати, Европската унија ги презентираше своите препораки до албанската влада.“, пренесе албанскиот медиум Визионплус.
КОЛУМНА
Сури: Но Рама, но драма!
„Албанската влада го одложи за најмалку една година пописот со кој ќе се документира бројот и општата состојба на граѓаните кои моментално живеат во Албанија.
Според податоците објавени од Евростат и британските власти, излегува дека од 2014 до 2022 година најмалку 935 илјади Албанци ја напуштиле земјата.
Кога би ја преточиле оваа бројка во слика на градови, би имале 4 големи градови како Драч, Елбасан, Скадар и Фиер целосно празни, без ниту една човечка душа.
Оние кои сакаат да ја сокријат оваа слика, се знае кој е нивниот мотив. Оние кои сакаат да ја променат оваа слика знаат што да прават. Но Рама, но драма!“, извадок од колумната „Но рама, но драма“, од авторката Илда Жулали, објавена во косовскиот медиум Сури.
Д. Тахири(ЦивилМедиа)