Изненадување во Бугарија: Јотова води, но Ѓуров ѝ дише во врат

Првите излезни анкети од претседателските избори во Бугарија покажуваат многу понеизвесна трка од очекуваното. Илијана Јотова освоила 35,3 отсто од гласовите, додека Андреј Гјуров има 32,4 отсто, според податоците на агенцијата „Алфа рисрч“.

Разликата од само 2,9 процентни поени е изненадување, бидејќи предизборните истражувања покажуваа предност на Јотова од 15 до 20 процентни поени.

Според агенцијата „Тренд“, Јотова има 36,5 отсто, а Ѓуров 32,4 отсто. Уште понеизвесен резултат покажува „Маркет линкс“, според која разликата меѓу двајцата е само 0,6 процентни поени.

На третото место е лидерот на „Преродба“, Костадин Костадинов, со поддршка од околу 13 отсто.

Изборите ги одбележа исклучително ниска излезност од околу 21 отсто, а според првичните проценки, Јотова и Ѓуров ќе се соочат во вториот круг на 1 ноември.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?