Со ваква политичка постава во Србија речиси е невозможно, од нејзина гледна точка и од гледна точка на Европа и светот, да се соработува, изјави пратеникот во Бундестагот, Јосип Јуратовиќ за српскиот весник „Нова“.
Јуратовиќ во интервјуто нагласи дека во петте мандати не видел изборни нерегуларности какви што беа забележани во Србија на последните парламентарни и локални избори и дека треба да инсистира на повторување на изборите.
„Вучиќ со овие избори дефинитивно го загуби целиот кредибилитет, не само во ЕУ и на Запад, туку и на глобално ниво. Човек кој ја води политиката и државата на таков начин не може да биде сигурен партнер за било кој“, вели тој.
Коментирајќи ги нередите што избија на 24 декември пред собранието на град Белград, Јуратовиќ рече дека нема да биде изненаден доколку полицијата намерно биде испровоцирана од оние кои сакаат тие демонстрации да ги претворат во хаос во очите на јавноста, во со цел да се создаде грда слика за демонстрантите.
„Одамна сум на мислење дека понатамошната соработка со Србија треба да се води исклучиво преку државните институции. Односно со Владата, министерствата и парламентот, наместо со една личност “, наведува тој.
Пратеникот додава дека меѓународната заедница сака силна и политички стабилна Србија, што е можно, како што наведува, само врз основа на демократските вредности „кои во Србија се видно нарушени“.