Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каде заврши гинисовиот лустер од хотелот Југославија?

Хотелот Југославија во Белград, еден од симболите на моќта и престижот на поранешна Југославија, беше место што го посетиле бројни истакнати личности, вклучувајќи ги американскиот претседател Ричард Никсон и германскиот канцелар Вили Брант, како и астронаутот Нил Армстронг и британската кралица Елизабета Втора. Но, на почетокот на декември 2024 година, објектот беше целосно урнат за да се направи место за нов хотелски комплекс.

Во хаосот на уривањето, едно прашање остана неразјаснето: што се случи со импресивниот лустер со кристали Сваровски, кој некогаш беше запишан во Гинисовата книга на рекорди како најголем кристален лустер во светот?

Кога хотелот бил отворен во 1969 година, бил еден од петте најголеми хотели во Европа и важел за еден од најлуксузните и најубавите во светот. Лустерот, тежок 14 тони и составен од 40.000 кристали Сваровски, имал 30 метри во должина и 5 метри во ширина, со вкупно 5.000 сијалички. Погледот на Дунав и овој лустер биле главните атракции на хотелот.

Хотелот Југославија бил отворен по речиси 20 години изградба, и беше познат под работниот наслов „Београд“, според дизајнот на хрватскиот архитектонски тим. Но, денес, како што пренесуваат српските медиуми, се уште нема одговор на прашањето каде заврши лустерот.

Инвеститорите на новиот хотелски комплекс на локацијата на поранешниот хотел тврдат дека лустерот ќе биде реставриран и поставен во новата зграда, но до сега не е јасно како и каде бил демонтиран. Хотелот „Југославија“ беше продаден за нешто повеќе од 27 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен