Калас утре во прва посета на Западниот Балкан – ќе ги посети Црна Гора, Албанија и БиХ, но не и Македонија

Фото: European Parliament, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, од 7 до 9 април ќе биде во прва посета на регионот на Западен Балкан, при што ќе ги посети Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

За време на престојот во Подгорица, Каја Калас ќе се сретне со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ и со премиерот Милојко Спајиќ. Предвидена е и средба со претставници на граѓански организации, како и заеднички преглед на опремата финансирана преку Европскиот инструмент за мир, што ќе се одржи со министерот за одбрана на Црна Гора.

Заедничката медиумска конференција со премиерот Спајиќ е закажана за 7 април во 10:40 часот и ќе се пренесува во живо преку платформата EBS.

Високата претставничка на ЕУ во Тирана ќе разговара со претседателот Бајрам Бегаи и премиерот Еди Рама. Заедничка прес-конференција со премиерот Рама е закажана за 8 април.

Калас ќе се сретне и со министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, како и со министерот за одбрана Пиро Венгу. Заедно со нив ќе го отвори првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Албанија.

За време на посетата, тој ќе присуствува на потпишувањето на договорот за донација и заем на Европската инвестициска банка, наменети за развој на пругата Драч-Рогожина. Калас ќе им се обрати на студентите, но и на претставниците на граѓанскиот сектор.

Во Босна и Херцеговина, Калас ќе ги посети единиците на ЕУФОР Алтеа и ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ. Таа ќе оствари средби и со претседателката на Советот на министри Борјана Кристо и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ.

За 8 април е планирана заедничка средба со новинарите со членовите на Претседателството.

Зачлени се на нашиот е-билтен