Полициски службеници на Федералната полициска управа, Оддел за борба против тероризмот, под надзор на Обвинителството на Босна и Херцеговина, идентификуваа и уапсија лице кое јавно упати закани за насилство преку социјалната мрежа TikTok за време на пренос во живо, изговарајќи ги зборовите: Ќе убијам христијани….
Постапувајќи по наредба на Судот, полициски службеници ја претресоа куќата во Зеничко-добојскиот кантон што ја користело споменатото лице, при што пронајдоа и конфискуваа предмети што ќе бидат предмет на понатамошна кривична постапка, објавува „Дневни аваз“.
Против осомничениот е спроведена кривична истрага, а полициските службеници на Федералната полициска управа ги продолжуваат своите активности во соработка со Обвинителството на Босна и Херцеговина со цел документирање на кривичното дело и утврдување на сите релевантни околности на овој случај, се вели во соопштението.