Комеморација за жртвите од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на двегодишнината од настанот

Денеска во Белград се одржуваат комеморативни собири по повод втората годишнина од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.

На 3 мај 2023 година, ученик уби девет деца и еден училишен чувар, а неколку други беа повредени. Комеморацијата започнува во 8.40 часот пред училиштето, а во текот на денот граѓаните ќе имаат можност да положат цвеќе, да палат свеќи и да се потпишат во книгата на спомени.

Одлуката за одбележување на 3 и 4 мај како Денови на сеќавање на жртвите на масовни убиства беше донесена од Владата на Србија во септември 2024 година.

На 4 мај 2023 година, уште едно масовно убиство се случи во Мало Орашје и Дубона, кога Урош Блажиќ уби девет лица, а 12 други беа повредени.

Зачлени се на нашиот е-билтен