Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Косовската полиција со детали за нападите на станиците во Звечан и Северна Митровица

Косовската полиција соопшти дека околу 01:30 часот биле фрлени две бомби врз полициската станица во Северна Митровица, пренесуваат косовските медиуми.

Како што се наведува во полицискиот извештај, не е пријавена материјална штета или телесни повреди. Случајот се истражува.

„Северна Митровица – 16.06.2023 година околу 01:04 часот – Пријавено е дека две бомби биле фрлени во периметарот на полициската станица Северна Митровица. Нема информации за материјална штета или за телесни повреди. Надлежните полициски единици го истражуваат случајот“, се вели во полицискиот извештај.

И во Звечан околу 02:00 часот биле фрлени две бомби во полициска станица.

Како што соопштија од косовската полиција, се сомнева дека бомбите биле фрлени од возило кое било во движење и веднаш го напуштило местото.

„Звечан, 16.06.2023 година околу 01:38 часот – Пријавено е дека во полициската станица во Звечан биле фрлени две бомби. Се сомнева дека бомбите биле фрлени од возило кое било во движење и веднаш го напуштило местото. Надлежните полициски единици го истражуваат случајот“, се наведува во извешт

germanEmb
hbs
Најново