Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Косовскиот премиер Курти в недела во Тирана

Косовскиот премиер Албин Курти в недела ќе ја посети Тирана, јавија албанските медиуми.

-Посетата ќе биде неформалната. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама, со кого ќе имаат заеднички ручек, додека со претседателката на парламентот Линдита Никола, средбата ќе биде во законодавниот дом, наведуваат медиумите.

Посетата ќе биде во функција на поголема заложба на Албанија за лобирање Косово да го признаат пеете земји членки на ЕУ, кои тоа до сега не го направиле, како и членство на Косово во меѓународни организации, пред се ОН.

-На средбите секако ќе стане збор за договорот од Охрид, иако непотпишан меѓу Косово и Србија. Курти ќе го информира Рама и за нештата кои јавно не беа соопштени од средбата во Охрид, посочуваат дел од медиумите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен