Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Красниќи: Вонредните избори се решение за излез од сегашната ситуација

 Претседателот на Демократската партија на Косово (ДПК), Мемљи Красниќи денеска оцени дека распишувањето на вонредни избори во Косово е решение за излез од моменталната криза.

Во разговор со американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, Красниќи рекол дека враќањето на Косово на евроатлантскиот курс „нема алтернатива“.

„За ДПК целосно се неприфатливи едностраните и некоординирани акции на Владата на Косово, кои освен што го нарушија напредокот и имиџот на земјата, на Косово му донесоа санкции од главните меѓународни партнери. Тоа не е волја на граѓаните и тоа за што гласале, затоа на американскиот амбасадор му изнесов став дека Косово не треба да трпи казнени мерки поради политичкото водство на поединецот“, напиша Красниќи на Фејсбук.

Тој оцени дека Владата на премиерот Албин Курти „го изгубила кредибилитетот“ и дека вонредните избори се „единствената алтернатива“.

„Му се заблагодарив на американскиот амбасадор за неговата исклучителна посветеност во интерес на државата и нашите граѓани и го уверив дека ДПК ќе биде силно посветена да ја игра својата конструктивна улога во служба на тој интерес со сите демократски средства“, рече лидерот на таа опозициска партија. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира