Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти ги претстави дроновите Бајрактар купени од Турција

 Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека неговата влада купила дронови Бајрактар ТБ-2 од Турција, но не ја соопшти нивната бројка, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешното претставување на дроновите, придружуван од министерот за одбрана, Арменд Мехај и командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Башким Јашари, Курти порача дека со оваа набавка „Косово сега е уште побезбедно, освен што е и погордо“.

Тој им  честита на офицерите на ФСК за успешно завршената обука за употреба на новите дронови.

– На арсеналот на нашата војска му се додадоа и дронови Бајрактар ТБ-2, кои како Влада ги купивме од Турција. За две години на власт го зголемивме за над 80 отсто бројот на војници и над 100 отсто буџетот за војската. Косово сега е уште побезбедно, освен што е и погордо. Со командантот на ФСК, Башким Јашари и министерот за одбрана, Арменд Мехај им честитавме на офицерите кои ја завршија обуката за употреба на дроновите, напиша Курти на Фејсбук.

Можноста дека ќе се купат дронови Бајрактар беше спомената од официјална Приштина кон крајот на минатата година, по што, како што потсетуваат домашните медиуми, Србија ја предупреди Турција дека снабдувањето на косовската војска со тие борбени средства ќе влијае на односите меѓу Белград и Атина.

Зачлени се на нашиот е-билтен