Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти ги претстави шесте услови за формирање на Заедницата

Косовскиот премиер Албин Курти  денеска на седница на Собранието на Косово, изјави дека формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство може да се разгледа под неколку услови – меѓу другото, тоа „мора да биде во согласност со Уставот и законите кои се во сила во Република Косово“.

Друг  услов, според него, е  дека Заедницата  не може да биде моноетничка. Треба да го смени името, не може да носи никаква јавна или извршна власт и треба да служи само на хоризонталната соработка на општините, согласно Уставот и Законот за локална самоуправа“, рече Курти.

„Правата на националните малцинства и соодветните механизми за заштита треба да го зајакнат принципот на реципроцитет меѓу двете држави, како и да ги земат предвид европските стандарди и модели“, рече Курти.

Четвртиот услов, според Курти, е пред формирањето на Заедницата  „да се изгаснат илегалните структури на Србија на север и да се предаде целото нелегалното оружје“.

„Асоцијацијата е дел од конечниот договор и се спроведува дури по взаемното признавање“, е петтиот услов, според косовскиот премиер.

Набројувајќи го последниот услов, Курти рече дека  Вучиќ мора да ги повлече писмата за неприфаќање на апликацијата на Косово за членство во ЕУ,  испратени до петте земји-членки на ЕУ и до другите.

„Овие шест услови што ги поставив, се политички услови, и се засноваат на демократскиот, универзалниот и европскиот аспект на владеење и креирање политики“, вели Курти.

Зачлени се на нашиот е-билтен