Курти: Москва има канцеларија во Министерството за одбрана во Белград

Курти

Србија е посредник на Русија. Москва има канцеларија во Министерството за одбрана во Белград, изјави косовскиот премиер Албин Курти за време на Лондонската конференција за одбрана.

„Србија е посредник на Русија и има 48 оперативни бази околу границата на мојата земја. Сите тие се наоѓаат во она што се нарекува безбедносна зона на НАТО. Кремљ има канцеларија во зградата на српското Министерство за одбрана во Белград, а регионалните центри на Русија и Спутник за Балканот сега се наоѓаат во Србија“, нагласи Курти.

Хибридното војување не е замена за класичното војување, туку само подготвителна фаза за него, додаде тој. Според него, ова веќе станало норма насекаде и денес е вест ако недостасува во даден изборен процес. Тој ја нагласи потребата од градење отпорност и способност за прилагодување на ваквите предизвици, истакнувајќи дека последиците се чувствуваат и во регионот на Западен Балкан.

Курти верува дека Украина е можност за Европа да се обедини на ново ниво.

„Мислам дека ако Европската Унија успее да се справи со одредени предизвици во оваа деценија, следната деценија лесно може да биде деценија на ЕУ. Тука сум многу оптимист дека НАТО, особено Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави, исто така можат да играат водечка улога“, рече и Албин Курти.

Зачлени се на нашиот е-билтен