Косовскиот премиер Албин Курти на својот Твитер профил доцна синоќа објави дека имал телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел на актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините на северот на Косово.
Имав повик со Високиот претставник, потпретседателот Јосеп Борел во однос на актуелните прашања, вклучително и постизборните во четирите општини на север. Нагласив дека избраните градоначалници ќе даваат услуги за сите граѓани, напишa Курти.Тој исто така нагласи дека е важно да се интензивира дијалогот за целосна имплементација на Основниот договор помеѓу Србија и Косово.