Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Курти: Зборот заедница не може да се поистоветува со општина, се однесува на „српската заедница“, а не на општините

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека во Договорот за нормализирање на односите со Србија се зборува за постигнување „соодветно ниво на самоуправување на српската заедница“, а не за заедница на општини со српско мнозинство.

Ова за новинарите Курти го одговори запрашан за коментар за изјавата на европскиот емисар за дијалогот, Мирослав Лајчак, кој во интервју за Радио Слободна Европа на 21 март, рече дека членот 7 од Договорот за нормализација не вклучува нови заложби за Косово, но тоа значи создавање на Заедница на општини со српско мнозинство.

„Зборот заедница не може да се поистоветува со општина, ниту со зборот Асоцијација ( која популарно се нарекува Заедница“, како што зборот народ не може да се поистоветува со зборот Република“, изјави Курти по состанокот на Владата на Косово.

На 27 февруари Косово и Србија се согласија за Договорот за нормализација, инаку познат како европски предлог. Во меѓувреме, на 18 март, страните го договорија Анексот за имплементација на овој договор.

Во членот 7 од договорот се бара да се обезбеди „соодветно ниво на самоуправување за српската заедница на Косово“. И покрај фактот што оваа формулација се чини дека е референца за Асоцијацијата („Заедницата“), текстот на договорот не ја споменува Асоцијацијата експлицитно.

„Точката 7 од Основниот договор наведува „соодветно ниво на самоуправување на српската заедница“. Се вели  „српската заедница“, а не општините. Заедницата не е територијална категорија. Општините се територијални и административни единици, но не се иста работа. Разбирам дека не се сосема различни, не се поврзани, но не се иста работа“, рече Курти.

Најново