Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска потпиша указ за закажување на изборите за општински советници и градоначалници за 29 октомври 2023 година.
Радев го одреди датумот по работната средба со претставници на раководството на Централната изборна комисија (ЦИК). Разговорот беше фопкусиран на спецификите на гласањето и за претстојната работа околу организацијата на изборниот процес. ЦИК го информираше претседателот за техничките и логистичките карактеристики што Комисијата мора да ги почитува за локалните избори и подготвеноста за нивно одржување, соопшти Кабиентот на Радев.