Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мајка со дете влегла во река во Загреб, полицијата трага по тригодишното девојче

Фото: Screenshot/HRT

Голем број полицајци се на терен во Загреб во голема потрага по дете во реката Сава. Мајката нешто по 16 часот пријавила во полиција дека влегла во Сава со своето дете. На мајката ѝ е укажана лекарска помош, а по детето се врши интензивна потрага.

„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, според информациите, во реката влегла жена со дете во рацете, на која ѝ била укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за пребарување насочени кон наоѓање на детето“, соопштија од полицијата.

На терен се и пожарникари, цивилна заштита и Хрватската планинска спасувачка служба. Активирани се тимови со чамци и беспилотни летала со термални камери, објави ХРТ.

Според неофицијалните податоци девојчето по кое се трага има само три години.

Зачлени се на нашиот е-билтен