Македонците во Хрватска го одбележаа денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј

Македонците во Хрватска го одбележаа денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Во пресрет на 24. Мај, денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј директорката на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска присуствуваше на традиционалниот пролетен Концерт под наслов ЗАВЕТНА на мeшовитата пејачка група и музичкиопт ансамбл „Деспина“.

Пред почетокот на Концертот на многубројната публика во Домот на хрватските бранители во Пула се обратија претседателот на Македонскиот културен форум, Алдо Климан, началничката на одделот за национални малцинства при Истарската жупанија, Теа Бател и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.

Од своите почетоци до денес „Деспина“ има реализирано голем број успешни целовечерни концерти, што ги одржува традиционално спроти 24. Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, со цел пред широката културна јавност да се претстават најрепрезентативните, антологиски остварувања на македонската традиционална музика и македонското културно наследство.

Концертот беше во организација на Македонскиот културен форум од Пула, а со поддршка на Истарската жупанија, Градот Пула и Советот за национални малцинства при Владата на Р. Хрватска.

Зачлени се на нашиот е-билтен