Просечната возраст на пратениците во 49. Бугарско Собрание е околу 46 години, од кои 58 се жени, изјави за БТА портпаролката на Централната изборна комисија, Росица Матева.
Бројот на мажи и жени е ист како и во претходниот парламентарен состав, 182 мажи и 58 жени од вкупно 240 пратеници.
Во 49. Народно собрание, коалицијата предводена од поранешниот долгогодишен бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС, ќе има 69 пратенички мандати, што е пет места повеќе од коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, која ќе има вкупно 64 пратеници. Партијата „Преродба“ ќе биде застапена со 37 пратеници, „Движење за права и слободи“ со 36 мандати, додека „БСП за Бугарија“ ќе има 23 пратеници, а партијата „Има таков народ“ – 11.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев првата седница ја закажа на 12 април.