Маскирана жандармерија во Белград, демонстрантите ги блокираат сообраќајниците со методот „зебра“

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните патишта во Белград и други делови од Србија. Рано утрово, полицијата апсеше граѓани, а полицајци со фантомки ги кршат блокадите.

Граѓаните блокираа патишта и раскрсници во Ужице, Чачак, Крагуевац, Зрењанин, Смедерево, Суботица, Рума, Панчево, Ваљево, Горњи Милановац…

Сега граѓаните наместо со традиционални блокади со контејнери или со жив ѕид, улиците ги блокираат со постојано преминување на еден ист пешачкиот премин. Полицијата ги разбива, но тие веднаш се префрлаат на друга „зебра“.

Додека полицијата ги легитимира граѓаните се слушаат повици „Кучиња“.

Студентите во Нови Сад остануваат на своите барања за распишување и испратија писмо до опозициските парламентарни групи во српскиот парламент, повикувајќи ги да побараат распишување вонредни парламентарни избори во најкраток можен рок без одложување, а доколку тоа не се случи, да се разгледа можноста за колективно и одговорно повлекување од работата на Народното собрание на Република Србија.

Жителите на Краљево им се придружија на жителите на Белград, Нови Сад и Милано во чин на граѓанска непослушност по протестот во саботата, блокирајќи еден од главните патишта во градот.

Зачлени се на нашиот е-билтен