Неколку лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физички конфликт во локално кафуле, објавија црногорските медиуми.
Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.
Според неофицијални информации кои ги пренесува српски Блиц, А.М. (45) прво убил четворица мажи во кафуле, а потоа убил две деца и ранил жена на улица. Неофицијално, ранети се уште две лица.
Ранетите во престрелката во Цетиње со возило на брза помош итно се префрлени во Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица, јавува Радиотелевизија на Црна Гора.
На новинарите им било кажано дека најпрво дошло до тепачка во кафеана на периферијата на главниот град, по што бараниот извадил оружје и пукал.