Медиумите во Србија почнаа да објавуваат наслови „Македонците ќе доаѓаат по нашиот бензин“, откако Регулаторната комисија ги соопшти новите цени на горивата.
Известуваат дека новата малопродажна цена на бензинот „евросупер“ БС 95 од полноќ ќе биде 79,5 денари за литар, „евросупер“ БС 98 – 81,5 денари, додека литар „евродизел“ ќе чини 85,50 денари.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за греење се зголемува на 82,5 денари за литар, а на мазутот на 42,6 денари за килограм. Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Северна Македонија, почнувајќи од утре, цените на нафтените деривати се зголемија во просек за 14,27 проценти, со образложение дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар се зголемиле во изминатите седум дена.
Српските медиуми го цитираат премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, којшто во саботата изјави дека неговата влада веднаш ќе интервенира доколку има „драматичен скок на цените на нафтата и нафтените деривати“ и посочи дека постојат неколку опции.
„Доколку има драматичен скок на цените, владата веднаш ќе интервенира, веќе во вторник на редовната седница. Имаме неколку опции на располагање: дали ќе ја намалиме акцизата или ќе го намалиме ДДВ-то, па апсолутно ќе го браниме она што е во наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните – рече Мицкоски викендот.