Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милановиќ: Србија треба да прифати дека Косово е независно

Србија треба да прифати дека Косово е независна држава, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, пренесува Хина.

– Србија мора да разбере и прифати дека Косово е независно. За жал, тоа не го прифаќаат уште неколку земји-членки на ЕУ, истакна Милановиќ.

Хрватскиот претседател посочи дека на самитот на НАТО минатата година, по руската инвазија на Украина, тој бил единствениот кој ги повика европските земји кои не го признаа Косово да го сторат тоа.

„Меѓутоа, ова е како да разговарате со ѕид. Некои земји не го признаа, затоа што стравуваат дека ќе се направи преседан кој би можел… во некој кризен момент да се примени на нив и тие би претрпеле загуба“, рече Милановиќ.

Косово не е признаено од пет земји од ЕУ – Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен