Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска изјави дека Црна Гора е загрижена за ситуацијата на северот на Република Косово.
Во пресрет на почетокот на самитот на НАТО Милатовиќ кажа дека земјата го поддржува планот на ЕУ за деескалација и дијалог меѓу Белград и Приштина во согласност со платформата претставена од ЕУ.
-Тоа му кажав на претседателот на Србија. Се надевам дека ситуацијата наскоро ќе се смири. Црна Гора игра конструктивна улога во Западен Балкан, рече црногорскиот претседател.