Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Минатата година албанско државјанство добиле над 1500 а од него се откажале над 700 лица

Во текот на минатата година бројот на оние кои се стекнале со   албанско државјанство е  повеќе од двапати поголем  во однос на оние се откажале од него, објави Институтот за статистика, ИНСТАТ.

– Во 2022 година  1.527 лица се стекнале со албанско државјанство, што бележи зголемување од 114,8 отсто, во однос на претходната година. Ако се анализираат податоците,  според полот, ќе се забележи дека 931 лице, кои се стекнале со албанско државјанство, се мажи, а 596 се жени, што претставува  доминација на мажите со 61,0 отсто, наведува ИНСТАТ.

При анализа на земјата на потекло на лицата кои се стекнале со албанско државјанство, се забележува дека 85,1 отсто се со потекло од Косово, 4,3 од Турција и 2,1 отсто од Италија.

Гледано по возраст 27,1 отсто од лицата кои се стекнале со албанско државјанство припаѓаат на возрасната група од 30-39 години, по што следат возрасната група од 40-49 години и 20-29 години, соодветно со 20,3 и 19,1 отсто.

Од друга страна, според Институтот минатата година од албанско државјанство се откажале 721 лице што е за 0,4 отсто помал број споредено со претходната година. Од нив 406  се жени, а 315 се мажи, што значи дека доминараат жените со 56,3отсто.

За лицата кои се откажале од албанското државјанство, доминантна возрасна група е 30-39 години со 48,3 отсто, потоа возрасната група 40-49 години и 20-29 години со 22,1  односно 16,5 отсто.

Зачлени се на нашиот е-билтен