Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Минџози: Нема веќе несогласувања меѓу Рама и Курти

 Нема веќе несогласувања меѓу албанскиот премиер Еди Рама и неговиот косовски колега, Албин Курти, изјави денеска албанскиот амбасадор во Приштина, Ќемаљ Минџози. 

-Нема несогласување меѓу Курти и Рама, но има некои актуелни работи кои многу добро се надминати, изјави Минџози за „Евроњуз Албанија“.

Дипломатот додаде дека Курти ќе учествува на самитот што ќе се одржи во Тирана на 16 октомври, како дел од Берлинскиот процес.

-Се трудевме до оваа средба да дојде. Тоа е сè што можам да кажам, рече Минџози.

Амбасадорот додаде дека средбата меѓу Курти и Рама не може да се реализира порано, но тоа не значи дека меѓу Тирана и Приштина нема средби или размена на пораки.

„Членовите на албанскиот кабинет беа во Косово, а косовските министри во тоа време беа во Албанија“, кажа Минџози.

Зачлени се на нашиот е-билтен