Изборот на Скопјe да им го претстави нацртот на овој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планиран да се спроведе всушност, се истакнува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија на изјавата на премиерот Мицкоски дека Акцискиот план за заедниците бил одбиен зашто бил напишан на македонски јазик
„Република Бугарија со загриженост ги забележува последователните тези изработени од властите во Скопјe, кои остро отстапуваат од суштината на Европскиот консензус од 2022 година.Прашањето на кој јазик треба да биде Планот за правата на заедниците што се очекува од Северна Македонија е внатрешно прашање на соседната земја и не е тема на билатералните односи. Документот ќе го спроведуваат токму нејзините институции кон сопствените граѓани и логично е дека треба да биде на јазик достапен за нив. Изборот на Скопјe да им го претстави нацртот на овој план на своите граѓани на англиски јазик е тешко да се објасни, особено ако Планот е планиран да се спроведе всушност“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Од МНР на Бугарија потсетуваат дека Планот за правата на заедниците е чекор наменет да следи по влегувањето на Бугарите во уставот, кој сè уште е во тек и кој ќе им овозможи на нашите соседи да отворат преговори за пристапување.
„Во исто време, ги поздравуваме зборовите на премиерот Христијан Мицкоски дека „ќе ги прифати сите други забелешки“ на бугарската заедница во Планот и сметаме на него да го одржи ова ветување кон нив“, се истакнува во соопштението на МНР на Бугарија.
Дека Акцсикиот план за заедниците на македонската влада, кој треба да послужи како основа за измените на Уставот на Северна Македонија за внсување на бугарското малцинство во конститутивниот акт, бил на англиски предочи и агенцијата БГНЕС.
Тие потсетуваат дека текстот бил презентиран на англиски, а не на македонски, пред претставниците на македонските Бугари. Состанок се одржал на 2 декември.
„Добивме 37 страници од сложен текст на англиски јазик, не сите го зборуваме на високо ниво, уште помалку од нас имаат правна обука. Колку и да успеавме – се подготвивме. Очигледно планот не е наменет за нас… Подготвениот План за правата на заедниците во Северна Македонија не ги штити правата на македонските Бугари. Ова е алиби на Скопјани пред европските институции. Неговата цел е уште еднаш да ја прикрие состојбата со правата на бугарската заедница и да ги стави проблемите под тепих“, изјави за БГНЕС Георги Цорномаров од здружението „Балкански мост“ од Битола, кој присуствувал на состанокот.
Како што е познато вчера Мицкоски изјави дека Бугарија го оспорила Акцискиот план за малцинства, документ што е дел од обврските во евроинтегративниот процес и без кој, според домашни медиуми, не може да се отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски на 4 јануари 2026 изјави дека забелешката од Софија не била на суштината на мерките, туку на тоа што документот е подготвен на македонски јазик.