Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

На 4 април Белград и Приштина го продолжуваат дијалогот за спроведување на договорот

Во вторник, 4 април, во Брисел продолжува техничкиот дијалог меѓу Белград и Приштина, соопшти белградска ТВ Н1.

-Преговарачите од Белград и Приштина во вторник доаѓаат во Брисел на покана на специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово Мирослав Лајчак, со цел да ги направат првите чекори кон имплементација на Договорот од Охрид, јави европскиот дописник на Н1.

Портпаролот на Европската комисија Петер Стано претходно денеска изјави дека во наредните денови институциите на ЕУ, со поддршка на лидерите на ЕУ, ќе ги направат првите чекори за спроведување на Договорот од Охрид заедно со Косово и Србија.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека Белград и Приштина се договорно обврзани да го спроведат Договорот од Охрид и Анексот за имплементација и јасно стави до знаење дека доколку не го сторат тоа, тогаш го напуштаат патот кон ЕУ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, по средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларополу изјави дека Србија се стреми кон членство во ЕУ, дека ќе продолжи со реформите и ќе работи на подобрување на човековите права, како и дека ќе „имплементира се што е договорено

Зачлени се на нашиот е-билтен