Веќе било конфискувано нелегално оружје од страна на масовниот убиец Ацо Мартиновиќ кој вчера во Цетиње уби 12 лица, а потоа се самоуби, соопштија од црногорското министерство за правда.
Министерот Бојан Божовиќ, кажа дека на 29 ноември 2022 година било конфискувано оружје, а Мартиновиќ на 8 ноември 2024 година е осуден на тримесечна затворска казна за кривично дело недозволено поседување оружје и распрскувачки материјали, пишува Вијести.
„Неговиот бранител поднесе жалба на 18 декември 2024 година, а одлуката на Вишиот суд во Подгорица не е донесена. Според казнената евиденција тој се сметал за неосудувано лице бидејќи пресудата од 2005 година во меѓувреме била избришана поради престанок на правните последици од осудата, па во моментот на првостепената пресуда се сметаше за неосудуван“, рече Божовиќ.
Министерот додаде дека направени се измени на Кривичниот законик според кој за нелегано поседување оружје казните се зголемуваат од максимум три месеци на казни од три месеци до три години.
„Дополнително, со новиот Кривичен законик предвидовме дека за нелегално носење оружје предвидена е затворска казна од една до пет години. Исто така, пропишани се потешки облици на ова кривично дело. Иако корените на ваквите трагедии, како и средствата за нивно спречување, не можат да се најдат во казнено-правните модели бидејќи се работи за длабоки психо-социјални случаи, јас ќе се залагам за најстроги можни санкции во однос на нелегалното носење оружје и други експлозивни материи, за што секако ќе се расправа и на утрешната седница на Советот за национална безбедност“, заклучи Божовиќ.