Нафтоводот Солун-Скопје, за проток на нафтени продукти меѓу Грција и Македонија, повторно се активира по 13 години.
По обемно одржување и надградби, цевководот долг 213,5 километри ќе може да пренесува 2,5 милиони тони сурова нафта, дизел и керозин годишно.
Сопственик на цевководот е „Вардакс“, компанија во која 80% е во сопственост на грчката „ХЕЛЛЕНИК Енерџи“ и 20% на владата на Северна Македонија. Инфраструктурата е изградена во 2002 година, за снабдување на рафинеријата ОКТА во Скопско. Но, во 2013 година рафинеријата беше оценета како комерцијално неодржлива и цевководот – од кој 70 километри поминуваат низ северна Грција – престана да функционира.
Се очекува неговото оживување да придонесе за енергетските потреби на Балканот, правејќи ја Северна Македонија регионален центар, пишува грчки Катимерини.