Во Ужице денеска со почеток од 16 часот ќе се одржи граѓански протест под слоганот „Србијо, Ужице те вика“, со најавена повеќечасовна блокада на магистралниот пат кон Златибор.
Според организаторите, собирот ќе започне на Градскиот плоштад, каде од 17 часот ќе се обратат говорници. Потоа ќе следи протестна прошетка до зградата на Основниот суд и полициската станица, а по нејзиното завршување ќе биде извршена целосна блокада на златиборската магистрала, која ќе трае до 1 часот по полноќ.
Организаторите најавија присуство на граѓани од различни делови на Србија, како и поддршка од мото-клубови од Белград и Пожега.
Протестот следува по неодамнешните апсења во Ужице, при што седуммина лица беа приведени за време на блокада на патот, а подоцна и уште две лица поради учество во протестите, со што вкупно девет лица се во притвор, од кои за првите седум е одреден притвор до 30 дена.
Граѓаните од Ужице кои протестираа на 10 јули поставија ултиматум до недела сите приведени да бидат пуштени да се бранат од слобода. Доколку тоа не се случи, најавија уште помасовни протести.