Напнато во Нови Сад: Деканот дозволи полиција да влезе во Филозофскиот факултет, пристигна и Жандармеријата

Во Нови Сад денеска владее напната атмосфера по упадот на полицијата во зградата на Филозофскиот факултет, на повик на деканот Миливој Алановиќ. Според извештаите на Н1, на лице место пристигнале припадници на Интервентната единица со три полициски комбиња, а подоцна и Жандармеријата.

Непосредно пред тоа, студенти од Правниот факултет успеале преку спореден влез да влезат во зградата, која претходно беше испразнета од студентите што ја држеа во блокада. Овој потег предизвика негодување кај присутните граѓани и поддржувачи кои цел ден се собираа пред факултетот.

Поддршка на студентите и професорите им дадоа и земјоделци, како и групи граѓани, кои се приклучија на протестот против одлуката на деканот да ја повика полицијата во академскиот простор.

„Академскиот пленум го повикува деканот Алановиќ веднаш да поднесе оставка и со тоа да ја смири тензијата што самиот ја создаде со ангажирањето полиција“, стои во нивното соопштение.

И додека атмосферата пред Филозофскиот факултет во Нови Сад останува крајно напната, присутните сведочат дека во кампусот има голем број полициски возила и засилено присуство на безбедносните сили.

Зачлени се на нашиот е-билтен