НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде налог за апсење на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на РС Ненад Стевандиќ.

НАТО излезе со изјава за ситуацијата во Босна и Херцеговина, нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.

„НАТО останува цврсто посветена на стабилноста на овој регион и на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Босна и Херцеговина. Повикуваме на почитување на Дејтонскиот мировен договор. Ја поддржуваме Канцеларијата на високиот претставник, сите дејствија што го поткопуваат Дејтон, уставниот поредок или националните институции се неприфатливи. Запаливите реторики и акции се опасни и претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението од НАТО.

Генералниот секретар на НАТО ја истакна потребата политичките лидери во Босна и Херцеговина да го направат својот дел и да преземат одговорност за напредокот и стабилноста на БиХ, се вели во соопштението.

„Генералниот секретар јасно стави до знаење дека „ова не е 1992 година“ и дека НАТО и неговите меѓународни партнери се присутни и ангажирани во Босна и Херцеговина и нема да дозволат да се појави безбедносен вакуум, се вели во соопштението од НАТО и се додава: „Алијансата е посветена на соработката со Босна и Херцеговина“.

Зачлени се на нашиот е-билтен