Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Не одиме на работа, не одиме на предавања“: Студентите ги повикаа граѓаните на генерален штрајк

„Не одиме на работа, не одиме на предавања“, порачуваат студентите од блокадите и ги повикуваат граѓаните на генерален штрајк во петок на 24 јануари.

Во голем број училишта во Србија денеска продолжува прекинот на работа, како поддршка на учениците и поради незадоволство од одлуката на репрезентативните синдикати да постигнат договор со Владата за зголемување на платите.

Некои училишта во Србија нема да работат најмалку до 24 јануари, за кога е повикот за генерален штрајк, и покрај вчерашните посети на просветниот инспекторат.

Министерството за образование тврди дека настава се одржува во 96 отсто од српските училишта, а различни податоци доаѓаат од самите училишта и некои синдикати, кои наведуваат дека настава не се одржувала во повеќе од половина училишта, до тој степен што во некои градови сите училишта ја прекинаа работата.

Како што рече Душан Кокот, претседател на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС), кој повика на прекин на работата, состојбата во училиштата е хаотична и се менува од час во час. Има училишта кои ја прекинаа работата, но и оние кои одржуваат скратена настава до 30 минути.

За доаѓањето на просветните инспекции, Кокот ги советува колегите да не потпишуваат ништо без присуство на адвокат.

Во некои училишта беа организирани „комисии за добредојде“ на просветните инспектори со сол и леб, но и со поддршка од голем број родители.

Наставниците кои не одржуваат настава вчера добија предупредување од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој од Давос, каде се одржува Светскиот економски форум, порача дека „ќе бидат преземени мерки“.

Зачлени се на нашиот е-билтен