Неонацистите денес ќе го одржат „Луков Марш“ во Софија, бугарското МНР побара да биде спречен

Луков

Иако Град Софија го забрани, по жалбата на судот, неонацистите во Бугарија добија одобрување и денеска, со почеток во 17 часот по локално време, се очекува да го одржат „Луков марш“.

Општина Софија доби известување од „Бугарскиот национален сојуз „Еделвајс“ на 10.06.2025 година со барање за одржување поворка во спомен на генерал Христо Луков на 14.02.2026 година со рута од столбовите на Националниот дворец на културата по булеварот „Витоша“, булеварот „П. Евтимиј“, ул. „Г.С. Раковски“, булеварот „Кн. Ал. Дондуков“ до ул. „Тракија“ број 1.

Укинување на забранат

Со наредба на градоначалникот на општина Софија и по мислење од надлежните институции, издадена е наредба за забрана на поворката.

Наредбата е обжалена до Градскиот административен суд на Софија. Со одлука на судот, забраната за настанот е укината.

Со последователна наредба на градоначалникот на општина Софија, е одредено ново место за собирање на учесниците – на тротоарот на раскрсницата на булеварот „Додуков“ и улицата „Кракра“ од 17 часот на 14.02.26 година, а поворката потое ќе продолжи кон улицата „Тракија“ број 1. Демонстрациите се обврзани да стапнат на коловозот и да не го попречат движењето на возилата.

Став на Министерството за надворешни работи

Министерството за надворешни работи на Бугарија категорично се изјасни против планираното одржување на таканаречениот „Луков марш“.

Министерството за надворешни работи ги повика одговорните институции да преземат сите законски утврдени мерки за да го спречат.

„Луков Марш“ го организирираат бугарските наонацисти како традиционално одбележување и изразување на „почит кон минатото“ под мотото „Забрането, но не и заборавено!“.

Кој бил генерал Луков?

Луков бил министер за одбрана од 1935 до 1938 година, по што ја напушта владата и во текот на 1940 се приклучува до Сојузот на бугарските национални легии, чиј лидер и станува. Според бугарскиот историчар Стефан Дечев самата организација со која раководи Луков е клучна за дебатата и прашањето дали имало фашизам во Бугарија. Во колумна за Радио Слободна Европа Дечев пишуваше дека Сојузот на бугарските национални легии своите корени ги влече во младинската фракција на сојузот Бугарска родна заштита кој уште во 20-тите години на минатиот век ја декларира својата фашистичка определба.

“Идеологијата на организацијата е истовремено силно националистичка, антикомунистичка, антимасонска, антидемократска и антилиберална, со јасно изразени симпатии кон италијанскиот фашизам и германскиот националсоцијализам. За време на Втората светска војна организацијата изразува симпатии кон „новиот поредок“ на Третиот рајх и сосема отворено се восхитува на националсоцијализмот. Таа дури собира и бугарски доброволци за учество во африканскиот корпус на Вермахтот во Либија. Во годините на Втората светска војна Сојузот на бугарските национални легии е во опозиција на власта на царот Борис Трети и владата на Богдан Филов бидејќи смета дека официјалната државна политика не е доволно националистичка и дека не соработува доволно со Третиот рајх”, пишува Дечев.

Луков е убиен во 1943 година од комунистичка воена група, а насилната смрт, како што пишува Дечев, го поттикнува создавањето на култ кон него во легионерското движење и во крајните националистичките средини кои имаат симпатии кон Третиот рајх и се противниците и на болшевизмот и на западните демократии.

Зачлени се на нашиот е-билтен