Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Невремето „Даниел“ ја зафати и Атина

 Поплавени улици и метро станици, прекин во сообраќајот на неколку булевари, донесе невремето „Даниел“ што попладнево ја зафати и Атина, а обилниот и интензивен дожд предизвика поплави и проблеми, јави дописничката на МИА од Атина. 

Неколку метро станици се поплавија, а идентична е ситуацијата и на неколку атински булевари, кои поради насобраната вода и со одлука на полицијата се затворени за сообраќај.

Голем дел од улиците како во центарот на Атина, така и во останатите населби и предградија се претворија во реки.

Паралелно, поради невремето во централна Грција затворен е дел од автопатот Атина- Солун во близина на градот Лариса, за сите возила и во двата правци.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново