Во Ораховац, на западот на Косово, во текот на ноќта беше уништен муралот посветен на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ, а вандалите напишале ОВК на празниот простор.
Жителите на горниот дел на Ораховац рано утринава го виделе уништениот мурал, а полицијата денес изврши увид.
Сликањето на муралот на Ѓоковиќ во горниот дел на Ораховац е дел од проектот „Боја во воздухот“ што го реализираше организацијата „Амиќи ди Дечани“ (Пријатели на Дечани), во соработка со уметникот Дерокс, кој на почетокот на минатата година наслика мурали на места со српско население во Косово по желба и договор со домаќините.
Муралот на Ѓоковиќ, кој беше насликан на српска куќа спроти црквата во Ораховац, исто така беше уништен на почетокот на февруари, кога беше обоен со бела боја.
По вчерашната победа во првото коло на Ролан Гарос, Ѓоковиќ пред камерата напиша порака: „Косово е срцето на Србија – престанете со насилството“.
Тој подоцна на српските новинари им рече дека повторно би го направил тоа, бидејќи како син на човек кој е роден во Косово длабоко го повредува се што е поврзано со Косово.
извор: Нова.рс