Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Новите министри од владата „Рама 3“ дадоа заклетва пред Бегај

 Петмината нови министри во владата на албанскиот премиер Еди Рама денеска дадоа заклетва пред албанскиот претседател Бајрам Бегај.

Ден претходно тие беа изгласани од Парламентот, откако претходно указ за нивно наименување потпиша шефот на државата, по предлог на Рама.

Со тоа и официјално нов министер за Европа и надворешни работи е Игли Хасани, за здравство и социјална заштита Албана Кочиу, за образование, млади и спорт Огерта Манастирлиу, за земјоделство и развој Анила Денај и во новото министерство за локална самоуправа Арбјан Мазнику.

Во предлогот на Рама до Бегај за разрешување и наименување беа имиња на седум министри, но на вчерашната седница на законодавниот дом беа изгласани пет.

Пред пратениците не беше ставен на гласање предлогот за разрешување на министерката за економија и финансии, Делина Ибрахимај, бидејќи нејзиниот наследник на оваа функција, Ервин Мете, прво треба да биде ослободен од функцијата што ја имаше досега на чело на Управата за финансиска супервизија. Ибрахимај, пак, ќе ја презема функцијата државен министер за претприемништво и деловна клима. 

Најново