Вооружен напаѓач во хрватскиот град Сисак вечерва пукал од калашњиков врз група луѓе, при што едно лице е убиено, а неколкумина се ранети. Напаѓачот е во бегство.
Хрватската полиција соопшти дека пукањето се случило во близина на рафинеријата во Сисак. Засега нема информации зошто напаѓачот пукал врз луѓето.
Полицијата е на терен, а тој дел од градот е блокиран. Во тек е потера по напаѓачот.
Медиумите во Хрватска известуваат дека во индустрискиот дел на Сисак се испратени и пожарникари бидејќи имало пожари во неколку станбени објекти.