Истрагата на Балканската истражувачка мрежа и организацијата Амнести интернешенел покажа дека Агенцијата за безбедност и информации прислушува активисти и новинари во Србија, со помош на израелска технологија со исклучително инвазивен шпионски софтвер, изјави за Ал Џезаира Донча О’Сербајл, шеф на безбедносната лабораторија на Амнести Интернешенел.
Имено, БИА ги отклучила телефоните на активистите на кои им се јавувала или ги привела на информативни интервјуа, а потоа на нивните уреди ја инсталирала домашната шпионска програма NoviSpy. Така собирале пораки, контакти и кореспонденција од тие уреди.
Во соопштението, Министерството за внатрешни работи на Србија одговара дека наводите на Амнести се неточни и дека форензичката алатка се користи во согласност со законот, на ист начин како и во сите други полициски сили.