Откритие: Панселинос е Јоанис Астрапа од византиската школа Астрапас од чии редови се и Михајло и Евтихиј од Солун

Успение Богородично од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, дело на Михајло Астрапа и Евтихиј
Успение Богородично од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, дело на Михајло Астрапа и Евтихиј

Со техниките кои се применуваат во полициската форензика анализите на средновековен илуминиран ракопис во Париз можеби решиле една вековна загатка – вистинскиот идентитет на водечкиот византиски сликар кој го вбризгал хуманизмот во дотогаш ригидната естетика на православната религиозна уметност, пишуваат грчките медиуми.

Современик на Џото, кој се смета за татко на западното сликарство, зад името на фрескосликарот кој досега бил познат како Мануел Панселинос и кој бил подеднакво влијателен во една сосема поинаква традиција која во голема мера се занемарува на Запад, всушност стои Јоанис Астрапас, од познато смејство сликари од тогаш византискиот град Солун.

Уметноста на Византија, која ги украсува црквите низ Грција, Србија Северна Македонија  и другите православни земји, се издвојува по остриот формализам на нејзините издолжени, блескави светци, квазикубистички планини и карактеристични претстави на Мајката Божја Богородица со срнести очи.

Фреските коишто му се припишуваа на Панселинос, однонсно на Јоанис Астрапа, од доцниот 13-ти и почетокот на 14-ти век, се сметаат за најдоброто сликарство на Византиската империја која се протегала низ Европа и Азија и траела од падот на Рим до заземањето на царскиот главен град Константинопол од страна на Турците Османлии во 1453 година.

Историчарите на уметност долго време се сомневаа дека името – грчки значи „полна месечина“ – може да потекнува како прекар за некој член на таканаречената Македонска сликарска школа, со седиште во Солун.

Ракописот на кој стои потписот на Јоанис Астрапа што го истражувала Кристина Сотиракоглу

Едно друго истражување на грчки монах и научник по лингвистика го поврза „Панселинос“ со сликарот од македонската византиска школа Астрапас, што се совпадна со наодите на експерт за ракописи, Кристина Сотиракоглу, којашто ги усогласи буквите на ракописот што привремено му се припишува на Астрапас со ликовите на црковната слика во северна Грција, која долго време се сметаше за најдобро дело на Панселинос.

Отец Козма Симонопетритис, поранешен висок администратор во Света Гора, вели дека истражувањето на Сотиракоглу и неговото сопствено истражување „јасно го докажуваат“ вистинскиот идентитет на Панселинос.

„Панселинос беше вистинска личност и тоа (име) беше само прекарот по кој Јоанис Астрапа стана познат“, изјави тој за Асошиетед прес.

Со ова откритие, Јоанис Астрапа станува дел од лозата фрескосликари од Солун, на кои им припаѓаат и Михаил Астрапа и монахот Евтихиј византиски зографи, претставници на таканаречената Палеолошка ренесанса. Нивното творештвото достигнало врв од 1294 до 1317 година, а нивните живописи се оние од „Света Богородица Перивлепта“ („Свети Климент“) во Охрид (1294 – 1295 г.), во „Свети Никита“, во Бањане (пред 1316 г.) и во „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане (1317).

Зачлени се на нашиот е-билтен